Меркел: Луѓето од Западен Балкан очекуваат конкретни резултати

Од:

Луѓето од Западниот Блакан очекуваат и сакаат конкретни и реални резултати за подобрување на нивниот животен стандард, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Меркел и Борисов на средбата во Ахен, која се одржа на маргините на церемонијата на доделување на наградата „Карло Велики“ на францускиот претседател Емануел Макрон, разговарале за подготовките на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан, што следната недела ќе се одржи во Софија.

Меркел при тоа, како што јави БТА, оценила дека за време на претседавањето на Бугарија со ЕУ, Боисов постигнал успех во приближувањето на земјите од регионот на Западен Балкан кон ЕУ.

– Темата Западен Балкан не беша лесен приоритер, но ти Бојко се справи прекрасно со неа и треба да продолжиж да бидеш медијатор по ова прашање, изјавила Меркел.

Борисов од своја страна нагласил дека Бугарија ќе продолжи активно да работи со цел поврзувањето на земјите од регионот со ЕУ да остане приоитет и на следните претседавања со Унијата.

Според него, и покрај тензиите меѓу некои балкански држави за одделни прашања, нивните лидери остануваат посветени на големата цел – Европската унија.

Борисов при тоа ја истакнал важноста на транспортното, инфраструктурното и дигиталното поврзување на државите од регионот, како услов за обезбедување на стабилност и просперитет на цела Европа.

– Според мене треба да работиме со цел луѓето од тие земји да почуствуваат дека ЕУ и ние сме со нив, нагласил Борисов на средбата.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски