Меркел: Косовското прашање мора да се затвори пред Србија да влезе во ЕУ

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Белград изјави дека косовското прашање мора да се затвори пред Србија да влезе во ЕУ, но дека сите други отворени прашања во процесот на европска интеграција треба да се решат пред тоа.

На прашањето дали признавањето на Косово е услов за членство на Србија во ЕУ, Меркел на заедничката прес -конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека „некои прашања ќе бидат решени на крајот на процесот“ на европската интеграција на Србија, јави Бета.

– Ова прашање (Косово) мора да се реши со цел земјите -членки на Унијата да одговорат потврдно за пристапувањето на Србија во ЕУ. Но, нема смисла да се разговара за крајот на тој процес пред да се решат другите проблеми. Јас сум за прагматичен пристап. Тој мора да се реши, но јас сум за патоказот, каде што сите други прашања се решаваат прво, рече Меркел.

Таа изјави дека ЕУ мора да има „многу разбирање за конфликтите што треба да се надминат“ и посочи дека на Германија и треба „долго време кога станува збор за единство и признавање на границите и слични прашања“.

Би можело да ве интересира

Косово без образложение задржува македонски камиони на на граница, алармира Стопанската комора

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски