Меркел ќе ја чуваат 7.000 полицајци во Атина

Од:

Во Грција се планираат масовни протести за пречек на канцеларката на Германија Ангела Меркел.

Поради ова за безбедноста на Меркел во Атина ќе бидат стационирани полицајци од целата земја, пишува германскиот весник “Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Во очите на грчките полицајци Меркел е директен наследник на Бил Клинотон. Строги мерки за безбедност на гостинот за последен пат се спроведувале при посетата на американскиот претседател кон крајот на 1999 година, односно истата година кога НАТО ја бомбардираше Србија.

Тогаш за безбедноста на Клинтон беа ангажирани 7.000 грчки полицајци. Се очекува и сега во Атина да бидат приближен број полициски службеници за Меркел да се чувствува безбедно.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент