Меркел и Вучиќ за брзо продолжување на дијалогот со посредство на ЕУ за нормализација на односите Србија-Косово

Од:

„Германската канцеларка Ангела Меркел ја поздрави подготвеноста на српскиот претседател Александар Вучиќ за почеток на дијалогот за трговски и нецарински бариери, меѓу Србија и Косово, со посредство на ЕУ“, се наведува во заедничкото соопштение до медиумите по повод денешната видео конференција меѓу Меркел и Вучиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Меркел и Вучиќ го разгледале прашањето за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и таксите кои се воведени од страна на Косово за Србија и БиХ.

-Германската канцеларка ја поздравила подготвеноста на Србија да го спроведе Бриселскиот договор за интегрирано управување со административната линија, чиј прв чекор е започнување со работа на станицата „Мердаре“, при што претседателот Вучиќ инсистирал на целосно почитување и спроведување на сите одредби од Бриселскиот договор, се наведува во заедничкото соопштение.

Вучиќ и Меркел се заложиле за брзо продолжување на дијалогот со цел да се постигне сеопфатен договор за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

-Благодарен сум за германското и Ваше лично внимание и грижа за Србија и на земјите од Западен Балкан, истакнал Вучиќ на видео конференцијата со Меркел.

Тој изјавил дека ќе ги превземе сите неопходни чекори за успешно продолжување на дијалогот и дека „ќе избегнува чекори кои би ги уназадиле односите меѓу Белград и Приштина, со цел да се создаде конструктивна и отворена атмосфера за преговори.“

Како што се наведува во соопштението, Меркел и Вучиќ „детално ги разгледале и предизвиците во сузбивањето на заразната болест Ковид-19:“

Оваа видео конференција меѓу Меркел и Вучиќ се реализира по одлагање на закажаната средба во Берлин, минатат недела, поради пандемијата со коронавирус.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: За 10 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

Вучиќ: Настрешницата не падна поради корупција

А1он

Вучиќ: Мојот став не е променет во однос на преодната влада, ниту улицата ќе го смени

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Среќен сум што го променивме ликот на Србија

А1он

Вучиќ: Секогаш сум за дијалог, затоа го нудам, разговорот е лековит, важен и корисен

А1он