Мeквеј: Ако Бугарија плаќа во рубљи, ќе ги прекрши европските санкции против Русија

Од:

Бугарија требаа да го плати рускиот гас во долари, изјави портпаролот на Европската комисија Тим Мeквеј за приватната телевизија бТВ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, доколку Бугарија плати во рубљи, ќе ги прекрши европските санкции кон Русија.

– Комисијата издаде насоки до земјите-членки на ЕУ како да ги вршат плаќањата и тие не се променети, рече Мeквеј.

Земјите од ЕУ треба да плаќаат меѓусебно според фиксната валута во договорите со руски „Газпром“, евра или американски долари.

Според Мeквеј, процедурата за внатрешна конверзија на валута во Русија ја вклучува руската централна банка, која е под санкции на ЕУ. Општата насока на ЕУ е да се дистанцира што е можно побрзо од несигурниот снабдувач на фосилни горива како што е Русија.

Во врска со намерите на бугарската привремена влада да ги продолжи преговорите со „Газпром“, тој вели дека Бугарија е една од првите земји што стана жртва на изнудата на руската компанија за гас. Договорот на Бугарија е за плаќање во долари.

Руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова изјави дека плаќањето со „Газпром“ треба да се врши само во рубли.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија