Мектиќ: Дури 57 деца од БиХ се наоѓаат на ирачко-сириското боиште

Од:

Разузнавачките податоци покажуваат дека вкупно 57 деца, кои се босански државјани, се наоѓаат на ирачко-сириското боиште, изјави денеска министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ во својот говор пред Парламентот во Сараево.

Говорејќи на Босанците кои во Ирак и Сиирја, тој истакна дека досега на овие две боишта се наоѓале или се уште се наоѓаат 226 полнолетни државјани на БиХ.

– Моментно на сириското боиште се наоѓаат 115 босански државјани. Тоа се разузнавачки податоци со кои располагаме и за секој поединец имаме име и презиме. Од тие 115 лица, 65 се мажи, а 56 жени, кои се државјани на БиХ, изјави Мектиќ.

Според министерот, во овој број не се пресметани деца, бидејќи еден дел од нив заминале со семејството.

Од боиштата, според Мактич, досега во БиХ се вратиле 46 Босанци.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина