Меѓу два огна

Од:

Политиката е меч со две острици. Таа, по правило, со ист потег едни ги жалости, а други ги радува или во нив поттикнува надеж.

По посетата на Сараево минатата недела, со тоа се судри и српскиот премиер Александар Вучиќ. Тоа што тука го изјавил, а што навестува подобри денови во односите на двете земји и двата народа, предизвикаа и аплаузи и сомнежи и поддршка и скептичност.

Мирисот на темјанот

Меѓутоа, некои реакции повеќе зборуваат за тие кои ги искажуваат отколку за самиот Вучиќ. Тој со видливи дела многу бргу ќе покаже дали неговите убави зборови биле само прикладен говор, или вистински почеток на нова ера во одамна влошените соседски односи. Лесно ќе го провериме по временскиот рок кој мора да го добие да покаже што може.

Со отпорите од Босна и Херцеговина притоа полесно ќе се носи, иако некои медиуми од почеток му подметнуваат фалсификати, монтирани изјави, дури и измислици, на кои мораше да реагира уште додека се наоѓаше во Сараево.

Многу потешко ќе оди во неговата земја, каде новата политика кон БиХ има многу силни непријатели и заговорници на старата големосрпска агресивност. Меѓу првите, во таа смисла се лидерот на Спрската православна црква патријархот Иринеј. Тој отворено порача дека Република Срспка треба да се припои кон Србија и со тоа да се надоместат косовските загуби. Таа цел црковниот водач во аманет ја дава токму на Александар Вучиќ, кој според неговите зборови, треба да ја подигне паднатата српска нација.

А колку уште ги има во Србија разни Иринеји кои пропагираат кавги и поделби, на кои добриот однос со соседите им е последно што им паѓа на памет?

Охрабрувачка реторика

Минатото пак, како што смета Вучиќ, не смее да спречи да живееме за иднината. А во неа никој не може да ја уништи Босна и Херцеговина ниту Република Српска. Јавно вети дека додека тој води, никој не треба да се чувствува загрозен од Србија.

Зборовите на политичарите често се само играчки. Зарем и Слободан Милошевиќ своевремено не се сметаше себеси како миротворец? За добрососедство зборуваа и Коштуница и Тадиќ, па тие нивни зборови премалку се претвораа во дела.

Секако дека ни на Вучиќ не може да му се верува само на зборови. Но, неговата реторика е многу по убедлива од таа што ја користеа претходните српски лидери. Вучиќ навистина личи на политичар кој добро знае што е добро за неговата земја, каде се нејзините слабости и хипотеки од блиското минато и како треба да се носи со нив.

Впечаток е дека се работи за политичар со добри намери. Но, самиот резултат ќе зависи од силата во одмерување со противниците кои пред неговиот изборен успех, само за момент се повлекоа. Тие ги чекаат своите пет минути. Или, како православниот патријарх, веднаш ќе ги отворат картите и ќе тргнат во офанзива.

Веќе по резултатот од овој дуел,  ќе знаеме многу за дострелите на убавата реторика на Вучиќ кон Босна и Херцеговина. Премиерот една своја цел промовираше во Сараево, откако се врати дома, другата му е сервирана од црковните татковци.

Кон едно од тие две царства Вучиќ ќе мора јасно да се определи. И за Србија и за нас подобро би било тоа да бидат мисли кои дошле од неговата политичка глава, а не од тие кои никако да се отрезнат од привлечниот мирис на темјанот.

Политички миленик

Александар Вучиќ, роден во 1970 година, по занимање е правник. Половина од својот досегашен живот активно се бави со политика. Претседател е на Владата на Република Србија и генерален секретар на Националниот совет за безбедност.

Вучиќ врши и должност претседател на Српската напредна партија. Според сите анкети и анализи, убедливо е највлијателен и политички нај омилен човек во Србија. Ужива и поддршка од моќните меѓународни кругови.

Дневни аваз – Сараево

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда