Медиуми: Тирана под полициска опсада

Од:

Тирана од утрово практично е под полициска опсада, поради закажаната парламентарна седница и опозицискиот протест, а мнозинството пратеници почнаа да доаѓаат во Собранието еден час порано пред почетокот на седницата, со цел да избегнат средба со демонстрантите.

Медиумите известуваат дека граѓаните не смеат слободно да се движат низ улиците на албанскиот главен град.

Силни полициски сили ги блокираа пешаците и минувачите меѓу Уметничката галерија и Министерството за внатрешни работи.

Албански медиуми информираат дека секој кој сака да мине низ „забранетата зона” мора на полицијата да и покаже документ за лична идентификација.

Исто така, се наведува, дека полицијата не дозволува медиумите да влезат во зградата на Парламентот, за да не можат да се сретнат со членовите на владејачката Социјалистичка партија.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он