Мажот четири пати изгубил свест, лицето на сопругата згмечено: Крваво претепување на брачна двојка во белградска кафеана

Од:

Страшно насилство во кое маж и жена се здобиле со тешки телесни повреди се случило во позната кафеана во Нов Белград.

Како што е наведено во изјавата на претепаната лекарка С.Д. (39), нападот врз нејзиниот сопруг и неа се случил на 25 мај, а по приведувањето на осомничените добиваат смртни закани.

Тој 25 мај, С.Т. излегла со колешка од болница да се забавува и опушти. По некое време им се придружил и нејзиниот сопруг и неколку пријатели. Немало индикации дека вечерта ќе прерасне во крвав напад со тешки последици.

– Со колешката (52) излеговме малку да се забавуваме и да се опуштиме од нашата стресна работа во кафеана во Нов Белград бидејќи живееме во близина. Мојот сопруг ни се придружи подоцна со некои други пријатели и се беше во ред. Отидов во тоалетот пред затворање на ресторанот, го замолив сопругот да ме придружува бидејќи веќе имаше многу пијани луѓе. Настана гужва, не обрнав многу внимание и само почувствував удар од грб од поголем човек. Мојот сопруг тогаш скокна, праша „што се случува, зошто ја удривте“, по што не турнаа во некој меѓупростор каде не фрлија на подот – вели докторката.

Според сведокот, како што вели, имало и до 20 припадници на обезбедувањето кои учествувале во нападот врз нив, а потоа почнале убиствено да ги клоцаат, удирајќи ги со раце и ногарки од масите.

– Во првиот момент, според моја проценка, беа меѓу 7 и 10 лица, но сведоците на настанот велат дека биле и до 20-тина кои не маваа со ногарки од масите. Тие се фокусираа најмногу на мојот сопруг и јас некако ползев до него, покрај сиот тој ќотек и легнав врз него за да го заштитам со моето тело кога бев сериозно повредена од дрвените ногарки што ги извадија од масите од шанкот. Потоа не исфрлија пред кафаната. Потоа повикавме полиција, која дојде да истражува – вели трауматизираната жена.

Повредите кои ги добиле сопружниците биле оквалификувани како тешки, но и овој кошмар не завршил тука.

-Обилно крварев, лицето ми беше уништено. Ми беа скршени носот и вилицата, пукнати аркадите на двете очи. Сопругот четири пати ја загуби свеста – вели докторката.

По апсењето на осомничените за овој напад, лекарката открива дека ништо не завршило тука.

– Почнавме да добиваме смртни закани преку посредници. Ние сме исплашени. Слушнавме дека и порано правеле проблеми и дека не се двоумат да тепаат и жени. Можеби некои од страв решиле да не ги пријават, но ние нема да се откажеме – рече докторката и посочи дека, иако некои од учесниците во нападот врз неа и нејзиниот партнер биле уапсени, главните тепачи кои ги предизвикале повеќето повреди се уште се на слобода.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Група насилници со метални шипки и дрвени палки претепала познаник пред скопскиот Ургентен центар

Горан Наумовски

Тројца мажи и жена мачеле девојката со часови, ја врзале и ја фрлиле во река во Долна Саксонија

Горан Наумовски

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија