Маж во Белград намерно си го запалил станот, во пожарот изгореле уште шест стана

Од:

Педесет и едногодишен белграѓанец е уапсен под сомнение дека вчера подметнал пожар во неговиот стан во населбата Карабурма, по што изгореле уште шест стана во зградата, соопшти Првото основно јавно обвинителство, пишува Н1.

Во пожарот нема повредени, но е направена голема материјална штета. На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.

Мажот се товари за сторени тешки кривични дела против општата безбедност, со оглед на тоа што се сомничи дека намерно предизвикал пожар во неговиот стан.

Осомничениот ќе биде сослушан, а потоа ќе биде донесена одлука за понатамошно постапување, велат од обвинителството.

Би можело да ве интересира

Обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

Предраг Петровиќ

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Двајца станари, пожарникар и полицаец се повредени во пожарот во зграда во Кисела Вода

Катерина Ѓуровски

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Пожар во куќа во центарот на Куманово