Маж извлечен жив после два дена поминати под урнатините

Од:

Два дена по катастрофалниот земјотрес, спасувачките екипи во Албанија успеаја да извлечат жив 33-годишен маж од под урнатините.

Бројот на настрадани во земјотресот се зголеми на 49. Нов земјотрес ја погоди Албанија синоќа со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала.

Бројните спасувачки екипи од Албанија и од регионот, веќе четврти ден се обидуваат да пронајдат знаци на живот во разурнатиот Драч и околните населби.

Мажот, жител на Туман, населбата најблизу до епицентарот, беше извлечен во драматична акција од урнатините под кои помина цели два дена.

Потребно беше толку многу за специјалните тимови да ги отстранат тоните бетон и шут под кои беше затрупан младиот маж.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он