Maж држел жена во близина на Лудбрег, друг ја удирал, им возвратила, па е осудена

Од:

35-годишна жена е осудена на условна затворска казна од шест месеци за инцидент што се случи во декември околу 21 часот и 30 минути во кафуле во Сигец Лудбрешки кај Лудбрег.

Според хрватските медиуми се започнало со расправија во која учествувала и жената. Расправијата излегла од контрола откако маж во кафулето ја фатил и ја држел, а друг маж ја удрил во лицето. Откако се ослободила, жената решила да им возврати.

„Револтирана што едниот маж ја држел со рацете околу неа додека другиот ја удирал по лицето, со цел тешко да го повреди првиот, таа го удирала со рацете и нозете по телото. Потоа го удрила во челото со чаша и го фрлила на под, каде што го удрила со нозе по носот.

Поради тоа мажот се здобил со повеќе рани на челото, расекотина на левата предна страна и фрактура на носните коски“, се вели во пресудата во која жената се товари за предизвикување тешка телесна повреда.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Кафеанска тепачка во Зајас, насилник со стаклени шишиња истепал познаник

Тројца насилници од Кочани претепале малолетник

Дечко и девојка се истепале пред кафеана во Аеродром

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови