Матеј Периш го нема еден месец, татко му е сигурен дека е жив

Од:

Пред точно еден месец исчезна Матеј Периш, младиот сплиќанец кој беше на новогодишна прослава во Белград. Последен пат е виден утрото меѓу 30 и 31 декември. Од тогаш трае големата потрага по него.

Таткото на исчезнатото момче, Ненад Периш уште во првите денови од исчезнувањето пристигна во Белград. Тој за српските медиуми по еден месец откако го нема син му вели дека во последните денови истрагата не напреднала многу. Тој објаснува дека две работи не му се јасни – каде тргнал Матеј и зошто се вратил кон Сава.

Ненад Периш вели дека и покрај тоа што е поминат еден месец, смета дека Матеј е жив. Сигурен е дека кога би имал можност Мајте би му се јавил нему или некој друг од блиските.

„Тој ме познава добро, не треба ништо да му порачаувам. тој ме знае и знае дека нема ништо да го прашувам, само ќе си одиме дома. Поминаа 30 дена, а никој не знае каде е син ми. Она што е познато е дека мобилниот беше во реката. Немаме слика од моментот кога Матеј евентуално влегол или излегол од водата. Од она што го забележав на синимките, јасно е дека Матеј три пати застанувал такси“ – вели Ненад Периш.

Со двајца од таксистите не комуницирал, само со еден кој одбил да го вози. Тоа ми кажува дека Матеј имал намера некаде да оди тврди Периш иако „се во врска со телефонот покажува дека тој е во реката“.

„Сепак не ми е јасно зошто би сакал некаде да оди, кога реката ја имал и пред клубот во кој бил“ – вели таткото.

Би можело да ве интересира

Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

А1он

ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски