„Нe предадовте“, „Профитите приватни, а загубите заеднички“, се само дел од паролите испишани на транспарентите со кои неколку илјади просветни и медицински работници денеска излегоа на масовни протести во Загреб против владината политика за штедење и укинувањето на колективните договори.
Поради масовната излезност на протестите, во прекин е трамвајскиот сообраќај, а распоредени се и голем број полицајци. Според процените, на протестите учествуваа 10.000 граѓани, а 1.500 од нив протестираа пред седиштето на Владата на Марковиот плоштад, колку што е со закон дозволено да се соберат луѓе на ова место.