Машина за оцрнување и слободата на говорот

Од:

Глас Српске – Бања Лука

Овие денови во Италија е промовирана нова книга на Умберто Еко Нулти број. Во тој роман напишан со твитер јазик, т.е. со куси реченици Умберто Еко низ приказна за една измислена редакција пишува за тоа како весниците станаа машина за оцрнување, чија цел е да го одземат легитимитетот на притивникот во фалсификувањето на фактите, со прикривање и други разработени техники на инсинуации.

Еко зборува за границите на новинарските информации, за игрите при фалсификување на фактите и прикривањето, уцените на високи личности од финансиските и политичките кругови, собирање и пакување на пикантни информации за нив, за тие да се принудад да работат по диктат на скриените центри на моќта.

– Порано, ако претседателот не бил политички подобен се случувало да го убијат. Подоцна, се виде дека тој може да се уништи изнесувајќи на видело прислушкувани разговори или пишувајќи за тоа со кој бил во кревет. Целата наша политика е на тоа ниво. Наредбата е: треба да се уништи, да се симне од власт, да се исплука. А печатот е предводник на тоа – рече на промоцијата на својот роман Умберто Еко, зборувајќи за аферата Вотергејт и љубовната врска на Џон Кенеди и Мерилин Монро.

Во новиот роман тој прецизно ги открива сите техники на машините за оцрнување, чија цел е да ја скријат вистината, да ја поткрепат со лаги и да го измамат читателот.

Иако во многу е сличен на нашата реалност, во која исто така е избришана разликата меѓу таблоидите и наводно сериозните медиуми, разлики сепак постојат. Секоја јавна или политичка личност која ќе се најде на патот на остварување на нечии политички или финансиски интереси, кај нас поминала сличен третман. Но сценариото во некои случаи беше поинакво.

Додека Умберто Еко зборува за тоа како порано непожелните ги убивале, а денес ги уништуваат со техники на медиумско оцрнување, кај нас тоа оцрнување понекогаш е само предигра на физичка елиминација. Овој метод е применет во случајот со премиерот на Србија Зоран Ѓинѓиќ.

Во прилог на тезата дека сите случајности се намерни оди и фактот дека токму овие денови на 13 годишнината од изборите на владата на Ѓинѓиќ (25 јануари) во Италија е промовиран романот Нулти број.

Случајот Ѓинѓиќ е пример на кој се испробани сите методи на медиумско оцрнување во мелењето на жив човек во машина за лаги, компромитации, во една страшна медиумска хајка.

Со години пред убиството медиумите пишуваа дека бил шверцер на цигари, криминалец, член на криминални кланови вакви и такви, предавник и странски платеник, па дури и окултист… Сешто пишуваа, но многу ретко или никако да напишеа дека беше доктор по филозофија, школуван и пристоен човек кој во политиката влезе со визија за која веруваше дека неговата земја може да ја поведе во иднина. На крај самиот си испали куршум во срцето со што се оствари латинската Цоруптио оптима пессима ест, во превод: Да се упропасти најдоброто, значи да се направи најлошото. И часовникот почна да се враќа наназад.

Дискредитација и глорификација

Се сеќавам како со месеци пред промените на 5 октомври маршираше покрај кордон на полицијата и на тој пат го следеа и новинарите. Нашиот директор, памтам, зборуваше: Одите секоја ноќ. Тоа е идниот српски премиер и новите министри. Тогаш многу малку луѓе му веруваа.

Својот новинарски капитал постојаните шетачи, подоцна кога Зоран Ѓинѓиќ беше избран за премиер, само го уновчија. Имавме привилегија што можевме да го повикаме кога и да сакаме и во секое време во кое моравме, да ни се јави и да ни одговори на секое прашање. Ни многу, ни малку, но на новинарите доволно.

Последен пат разговаравме на Новогодишниот прием во Владата на Србија, два месеца пред убиството, во јануари 2003 година.

– Многу работа имав до сега и немав време да се занимавам со Република Српска. Но сега сум малку послободен па ќе биде поинаку. Мислам дека Србија треба да го купи Телеком Српска, Нафтената индустрија и една зграда од Студентскиот дом Пенезиќ да ја отстапиме на студентите од Република Српска кои ќе можат во неа да живеат бесплатно. Сето тоа ќе го покренам оваа година – ни рече таа ноќ.

Но, во желбите смртта го претекна. Единствено посмртно му се оствари желбата со купувањето на Телеком Српска.

Дали за неа знаеа тие кои тоа го реализираа, помалку е важно. Важно е нешто друго, нешто што би можело да се нарече искупување на гревовите.

Суштинскиот дефект е откриен во примената на старата латинска мудрост: За мртвите се најдобро, која тука е работа на пристојност и убаво воспитание. Мојата мајка со истото никогаш не се согласи, а тоа го формулира со едноставна реченица: Гледај ме ти мене додека сум жива, а кога ќе умрам, не ми е гајле.

Реализацијата на целите кои Ѓинѓиќ ги изнесе во своето јасно експозе без фрази и бајки, но и тие неколку идеи од последниот Новогодишен прием, беа спречени со неговото убиство на 12 март во 2003 година. Откако му пукаа во срце, од нај омразен стана нај омилен српски политичар. Со најмал рејтинг на популарноста додека беше жив, мртов доби најголем рејтинг.
Минувајќи низ сите оцрнувања, повреден и немоќен, Зоран Ѓинѓиќ како да живееше античка трагедија. Еден негов соработник од тоа време ја опишува целата атмосфера вака: Ужасна шах-мат позиција, каде секој чекор понатаму води кон крајот. Вистина е дека во време на дискредитацијата на Зоран Ѓинѓиќ немаше социјални мрежи, а ни активни партиски ботови на нив, па барем беше поштеден од тој вид на линч, лаги, навреди…

ЗЈРМ

Овие денови еден закон во Република Српска – законот за јавен ред и мир предизвика вистинска бура во јавноста, со оценка дека ја ограничува слободата на социјалните мрежи, кои законот ги третира како јавен простор. Предложениот закон е оценет како закон против слобода на говорот и спречување на слободата на говорот на социјалните мрежи кои немаат ограничувања со европското право.

Дали предлагачот водеше сметка за тоа членовите од законот да ги усогласи со европската пракса во оваа област, а ако не, поради што не, е прашање на кое се чека одговор. Според до сега изнесените аргументи, истата проблематика на сличен начин ја третира законодавството на Хрватска.

Но она што е одамна и неопходно и потребно е да се изедначи начинот да се спречи и санкционира јазикот на омраза, клевети, оправдување на злостор, повикување на злостор, закани, злоупотреба на идентитети… на социјалните мрежи и во коментари на поралите, а истовремено да се зачуваат демократските принципи, право на друго и различно мислење, слобода на јавниот збор и говорот.

Неопходноста за средување во таа област кај нас се покажа последен пат по терористичкиот напад на редакцијата Шарли ебдо во Париз, кога сараевските портали преплавија со коментари преполни со јазик на омраза и оправдување на тој злостор, па и повикување на злостор.

Често во таа валкана работа се користат и украдени идентитети со што имам и лично искуство кое сликовито покажува на кој начин системот и државата ја штитат или сакаат да ја заштитат наводната жртва.

Редовно со месеци па и со години по текстовите на еден сараевски весник се појавува и моето име во коментари на читателите, значи украден идентите. Иако успеав да дојдам до ИП адресата од која секогаш ист коментатор под мој лажен идентитет редовно се огласува и пријавата за тоа со сите податоци ги доставив на СИПА и МВР во РС, ништо не се случи.

СИПА беше до толку професионална, бидејќи многу брзо достави одговор дека предметот го проследила до МВР во РС, бидејќи нема овластување да постапува по истиот. МВР на РС молчеше, како што и секогаш молчи, ништо да не се бранува.

Еден мој колега поради иста работа, кражба на идентитет и повик на кривично дело, убиство на српски член на Претседателството на БиХ, пред неколку месеци поднесе кривична пријава против НН лице на бањалучкото Обвинителство. Одговор до денес не доби.

Кон крајот на 2013 година во Подгорица е одржан голем медиумски собир на кој околу 150 медиумски експерти, угледни новинари, професори, историчари, претставници на институции и новинарски асоцијации од западен Балкан и ЕУ предупредија дека атмосферата на дивата транзиција на овие простори ги укина сите етички стандарди, како во општеството, така и во медиумите, па слободата на изразувањето често поминува во слобода на лажно обвинување.

И на таа конференција како посебен случај на секуритизација во медиумите е истакнат примерот на спинувањето и дискредитацијата на Зоран Ѓинѓиќ.

Учесниците на конференцијата поставија важно прашање, дали по сето тоа, а посебно во употребата на новите технологии, како што се социјалните мрежи и наглата експанзија на користењето на медиумите и јавните гласила во лични, политички и деловни цели, на терминот независни медиуми на западен Балкан му се заканува целосно да ја изгуби смислата? И дали истражувачкото новинарство е во опасност да го замени клеветничкото новинарство?

Заклучено е и тоа дека во изминатите неколку години со појавата на социјалните мрежи, посебно на Фејсбук, Твитер, блоговите, коментарите на порталите, состојбата во јавниот простор излезе од контрола, а право на јавност добија содржини за кои не постои одговорност, ни санкции. Интернетот не ја промени само новинарската форма, туку и суштината и постоењето на самата професија. Посебно, бидејќи зад говорот на омраза, навреди и лаги на интернет главно се кријат анонимни личности, чии жртви се вистински лица. Со овие заклучоци се согласија нај угледните новинари од регионот, но и претставници на ЕУ.

Умберто Еко во својот нов роман не се бавеше со таа интернет машина за оцрнување во медиумите, а често мотив им е лична одмазда поради неостварени лични амбиции преку сопствениот примитивизам.

Дали демократија и слобода на говор на пример е тоа кога еден многу активен твитераш на медиумите и новинарите за кои смета дека доволно не се вклучиле во полемика за новиот ЗЈРМ, се заканува со подметнување на пожар? Не е, но повеќето соговорници за слобода ќе премолчат или ќе се направат дека не прочитале. Тоа се тие доследности и принципи кои се газат.

Дали слобода на говорот е тоа кога ученици од основни училишта на Фејсбук се договараат за колективна тепачка?

Дали слобода на говор е кога анонимен лик на Твитер се заканува на некој вистински новинар?

Иако постојат делови од предложениот ЗЈРМ кои треба да се корегираат, неговиот член кој се однесува на порнографијата е преку потребен, посебно поради наглиот раст на партиски порнографски блогери, а и валканата војна на партиските ботови во која не недостасува ни порнографија.

Колку ботовите (партиска војска на анонимуси е задолжена за нечисти акции на интернет) се платени е тајна, но на пример, неодамна е откриено дека производителите и маркетиншките компании во Србија за рекламирање на одреден производ плаќаат 100 евра по порачан твит или статус на Фејсбук.

Ова е доказ дека социјалните мрежи умеат да бидат и исплатливи и да донесат заработка. Но се зависи од тоа на кој начин се употребуваат нивните можности за брзо пренесување на информации. Многумина ќе се согласат дека и свети Павле да имал Фејсбук и Твитер на нив ќе ја напишел Книгата за Коринќаните.

Во секој случај, не е проблем во употребата, туку во злоупотребата и на кој начин ќе се најдат механизми за заштита на човековите права на секој поединец, поради развој на демократското општество и заштита на човековите права на секој конзумент. Одговорот на тоа важно прашање мора во меѓусебен дијалог да го дадат и струката и политиката. Бидејќи одговорноста за јавно изнесениот збор, навреда, клевета, закана, мора да постои. Ако го нема тоа – демократијата ќе биде заменета со анархија. Ако правото на сопствено мислење (без закани и клевети) е санкционирано со закон, тогаш тоа е репресија.

Решението како и секогаш е некаде на половина пат.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време