Претседателот на Европската народна партија, Вилфрид Мартенс по повод дијалогот помеѓу Белград и Приштина порача дека се надева дека договор ќе биде постигнат затоа што само европскиот пат може да обезбеди просперитетна и безбедна иднина на нивните граѓани.
-Јас го следам развојот на случувањата по најновата рудна на дијалог помеѓу двете држави. Сфаќам дека треба да се донесе тешка одлука, но искрено се надевам дека лидерите на двете страни ќе покажат мудрост, храброст и државна одговорност да постигнат напредок и обезбедат европска иднина – изјави Мартенс.
Тој додаде дека само европскиот пат може да обезбеди трајна стабилност во регионот.
-Нема сомнеж дека иднината на Западниот Балкан е во ЕУ и дека секој чекор кој ќе допринесе во овој процес, колку е и да е тежок, е чекор напред од минатото-изјави тој.
Елена Георгиевска