Маркач: Ние не сме воени злосторници, туку чесни војници

Од:

На колоната во сеќавање на жртвите на Вуковар, која ја предводеше хрватскиот државен врв, претседателот Јосиповиќ и премиерот Милановиќ, и се приклучи и генералот Младен Маркач.

Тој беше ослободен од обвинението за воени злосторства во операцијата „Олуја“, од Хашкиот трибунал.

Доаѓањето на Маркач во Вуковар, на централната манифестација, предизвика општо воодушевување од граѓаните, пренесуваат хрватските медиуми.

„Се уште сум полн со впечатоци и сум бескрајно среќен. По ќелијата од десет квадрати, сега имам слобода и сум опкружен со голем број луѓе кои се со мене и кои биле со мене и со генералот Готовина отсекогаш. Денеска сме сите заедни, сите срца чукаат заедно и не може да биде поубаво“, изјави Маркач.

Добивме ослободителна пресуда за „Олуја“, тоа престана да биде закана, ние не сме воени злосторници, туку чесни војници, додаде Маркач.

Би можело да ве интересира

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата