Макрон: На ​​ЕУ и нејзините членки им треба силна Србија под нивно крило

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека денеска повторно доаѓа во Србија со едноставна порака – на Европската Унија и нејзините земји членки и треба силна и демократска Србија под нивно крило, а на Србија и е потребна силна и суверена ЕУ за да ги брани и промовира нејзините интереси притоа почитувајќи го својот идентитет.

„Како и Франција, јас сум убеден во тоа, Србија се стреми кон независност и суверенитет што може да ги обезбеди само ЕУ, поседувајќи ги средствата за нејзината стратешка автономија“, напиша Макрон во авторскиот текст за денешната „Политика“.

Францускиот претседател напиша дека ќе се изгради и стратешка автономија „на полето на индустријата во сите сектори каде што треба да се обединат на безмилосната меѓународна конкуренција, на полето на критичните суровини, лековите и вештачката интелигенција“.

Би можело да ве интересира

Зеленски по средбата со Трамп: Ви благодарам, ова може да е историска средба

Макрон: Зеленски не може да се согласи на прекин на огнот додека проектили паѓаат врз Киев

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци