Македонски Албанец нов американски амбасадор на САД во Црна Гора

Од:

Дипломатот од кариера Бикс Алиу е кандидат на претседателот Џо Бајден за нов американски амбасадор во Црна Гора, објави во петокот Белата куќа.

Алију е поранешен заменик-шеф на мисијата во Американската амбасада во Подгорица. Доколку неговата номинација биде потврдена во американскиот Сенат, тој ќе ја замени Џуди Рајзинг Рајнке, која ја презеде функцијата во 2018 година, како амбасадор во Црна Гора.

Во соопштението за медиумите на Белата куќа се наведува дека Алију е дипломат од кариера со звање министер-советник и дека неодамна бил вршител на должност во американската амбасада во Будимпешта. Тој беше и заменик-шеф на мисијата во американската амбасада во Полска и привремен вршител на должност во 2021 година. Пред тоа, како што е наведено, тој беше генерален конзул во Краков, каде што беше награден со највисокиот градски орден за „значително подобрување на економските и културните односи меѓу САД“ и тој полски град.

Служел и во амбасадата во Тирана, додека во Стејт департментот бил заменик координатор за ориентација во Националниот центар за обука за надворешна политика, а работел и за Конгресот на САД. Тој е дипломат чии корени потекнуваат од Кичево, Македонија.

Во соопштението од Белата куќа се наведува дека Алију дипломирал на медицинскиот факултет во Приштина и магистрирал стратегиски студии на Воениот колеџ на американската армија во Пенсилванија. Добитник е на неколку награди на Стејт департментот и зборува црногорски, полски, српско-хрватски, македонски и албански јазик, се вели во соопштението од Белата куќа.

Неговата номинација, според процедурата, прво треба да биде разгледана од Комисијата за надворешна политика на Сенатот, пред целосниот Горен дом на Конгресот да одлучи за тоа.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев