Македонија причина за кавга меѓу грчката власт и опозицијата

Од:

Во време на длабока економска криза и голема невработеност, кога Грците немаат пари да платат греење и да купат лекови, на политичарите им останува да ги разгоруваат националните прашања. Во тој контекст, како што јави дописникот на МИА од Атина, Македонија секојдневно им е виновна за нешто.

Најновата кавга меѓу политичките партии особено меѓу Нова демократија и Златна Зора од една,  и Сириза од друга страна е поради интервјуто на пратеничката на Сириза Јоана Гаитини за весникот „Нова Македонија“ и што рекла таа во интервјуто и дали го употребила терминот Македонија кога зборувала за поранешната југословенска република.

Секретарот за политички прашања на Нова демократија Манолис Кефалојанис ја нападна опозициската Сириза велејќи дека „еден од нејзините пратеници наводно ја обвинил Грција за ќор сокакот во кој се наоѓаат преговорите со соседната земја“.

„Јас мислам дека не е само името проблем. Да беше така и сѐ да беше толку просто и едноставно, тогаш и немаше да има проблем. Дефинитивно не е само името. И доколку се реши, се ќе се реши. Зад прашањето на името стои експанзијата на економијата на Грција. Грција се обидува да стане суперсила на Балканот и се обидува да се прошири на целата територија на Полуостровот. Причина за ова што се случува со името се интересите на грчките капиталисти во Македонија. Името е само алиби и се користи како параван да се покријат другите работи што се случуваат“, изјави Гаитани во интервјуто за Нова Македонија.

Според Кефалојанис, коментарите на Гаитани се „историски неуки и опасни“ и ја повика Сириза да заземе официјален став.

И неофашистичката „Златна зора“ на нападна пратеничката на Сириза, истакнувајќи дека тоа што Скопје го нарекла Македонија е „ужасна и провокативна изјава“. Според „Златна зора“ ставовите на Сириза се „антигрчки, антинационални и предавнички“ и оти членовите на Сириза „кои се сомневаат во тоа дека Македонија е грчка треба веднаш да бидат депортирани во Скопје и да не им се дозволи да стапнат со нога во Грција“.

Грчките медиуми деновиве постојано земаат изјави од Гаитани, таа телефонски учествува во телевизиски емисии, дава изјави за радија и весници. Нејзиниот одговор е дека изразила личен став и повтори дека Сириза е за сложено име за нашата земја. Во врска со нападите од Нова демократија и Златна зора, таа, без воопшто да го спомене конкретниот „проблем“, изјави дека „лагите и извртувањето на реалноста се традиција на функционерите од десничарските и есктремнодесничарските партии“. Гаитани исто така истакна дека грчките политичари се слуги на банкарите и често ја обвинуваат Сириза затоа што бара намалување на трошоците за воена опрема.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната