Македонија им понуди помош на Србија и на БиХ за поплавите

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска информира дека Владата внимателно ги следи состојбите во Босна и Херцеговина и во Србија со поплавите. Испративме писмо до двете влади за подготвеност на Република Македонија да испрати помош, од било каква природа, која што во овие критични моменти може да помогне.

Писма со сочувство се испратени до премиерот на Србија Александар Вучиќ и до претседателот на Советот на министри на БиХ Вјекослав Беванда.

– Состојбата во овие држави е алармантна. Србија прогласи вонредна состојба и очекува дури и влошување на ситуацијата во наредните часови. Ние сме подготвени за нешто што би ни било побарано, со сите наши расположливи ресурси што ги имаме за ваква намена да помогнеме, потенцира Груевски.

Премиерот информира дека го активирал Кризниот штаб во Република Македонија.

– Разговарав со министерот Јанакиески на секој час да ја следат состојбата во Република Македонија. Утре ќе имаат и седница, истакна Груевски.

Од вестите што ги добив од Кризниот штаб, како што рече, ситуацијата во Република Македонија засега е добра.

– Во наредните десетина дена не се очекува да се случат некакви поплави. Но, тоа не значи дека не треба будно да се следи ситуацијата, како од централно ниво, од Владата и од државните институции, така и од локално ниво и веднаш да се алармира доколку дојде до некакви промени. Што се однесува до Македонија можам да кажам дека сме во полна готовност во случај да се случи нешто слично како во овие две држави, веднаш сите државни институции да реагираат, посочи Груевски.

Повтори дека засега, според временските прогнози, не се очекува да дојде до такво нешто. Според него, не треба да се биде пресигурен кога се работи за времето.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ