Македонците во Пустец го одбележаа Свети Архангел Михаил

Од:

Македонците во Пустец, Мала Преспа, вчера го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел и Михаил“, празник кој го чествуваат и како нивен заштитник. На голем број семејства овој ден им е домашна слава.

Во црквата, која се наоѓа во центарот на Пустец, на плоштадот „Гоце Делчев“, утринската свечена богослужба ја отслужи свештенкот Алексо Темелко. Со Македонците беше и Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и пратеник во албанскиот Парламент.

„Редовно сум тука со моите Македонци за овој голем празник. За многу години Св.Архангел Михаил – водач на небесните сили, чувар на сите болни и заштитник на Македонците во Пустец. Посакувам здравје и среќа на сите, а се трудам во рамки на моите можности да се смени нешто на подобро во областа“ – вели Стерјовски.

Додава дека тој секогаш е со и до Македонците каде и да живеат, Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, Тирана, Елбасан и насекаде во Албанија и прави се да ги актуелизира сите нивни проблеми.

Би можело да ве интересира

Панди Јани обвини за изборен инженеринг во општина Пустец, Колефски ги негира обвинувањата

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

МАЕИ: Не го признаваме пописот во Албанија, се појавија 7957 Бугари наспроти 2281 Македонци

Предраг Петровиќ

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски