Мајката на напаѓачот од Загреб вели: „Го молев докторот да не го пушта бидејќи не е за пуштање“

Од:

Мајката на напаѓачот кој утрово упадна во училиштето „Пречко“ во Загреб и избоде деца, од кои едното беше убиено, се огласи и даде детали за нејзиниот 19-годишен син.

Како што пренесува хрватски 24сата.хр, мајката и останатите членови на домаќинството од страв не спиеле ноќе, а се обиделе да му помогнат.

„Го молев докторот да не го пушти бидејќи не беше за надвор способен“, рекла мајката на младиот човек, објаснувајќи дека тој e емотивно нестабилна личност и две дополнителни дијагнози.

„Ми рекоа дека напаѓачот е мојот син. Пред скоро време ме заклучи мене и мајка ми во станот, ни ги зема мобилните телефони, па потоа заврши во болница. Го молев докторот да не го пушта бидејќи не е на пуштање“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

Ноќен марш во Загреб: „Ниту една работничка не ни е туѓа“

Жител од Јосифово со нож рани познаник, насилникот заврши во станица

Легендарниот ракометар на Вардар утре ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите

А1он

ВИДЕО: Собири во Загреб и во Сплит за поддршка на српските студенти

11-годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп

Катерина Ѓуровски