Мајката на момчето-убиец обвинетa за запоставување и малтретирање на детето

Од:

М.К., мајката на момчето убиец од училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, била сослушана во полиција поради сомнение за сторено кривично дело – запуштање и малтретирање малолетно лице, откако Првото основно обвинителство дало наредба до полицијата за нејзин распит, пренесува „Блиц“.

Таа вчера дала исказ во полиција, по што во наредниот период ќе биде сослушана од обвинител за истото кривично дело.

Првото основно јавно обвинителство во Белград по службена должност оформи предмет во врска со настанот во основното училиште „Владимир Рибникар“ на 3 мај. во 2023 година кога 13-годишно момче им ги одзело животите на десет лица, а повредило уште четворица, од кои едното починало, а за да се утврди дали во дејствијата на М.К.- мајка на убиецот на малолетното момче има елементи на кривично дело – запоставување и злоупотреба на малолетно лице.

Обвинителството испратило барање до Полициската управа за град Белград за прибирање на потребните информации, со што наредиле да биде сослушана осомничената М.К., да се изврши разговор со педагогот и психологот вработен во ОУ „Владимир Рибникар“, како и да се преземат сите други мерки и дејствија потребни за целосно утврдување на фактичката состојба.

Набргу по злосторството, таткото на момчето, Владимир К., беше приведен, а на товар му се става кривично дело – тешко дело против општа опасност.

Според адвокатот Никола Ристовиќ, максималната казна за ова дело е 12 години затвор.

-Доколку има тешка физичка повреда на лице или материјална штета од поголеми размери, сторителот ќе се казни со затвор од една до осум години. Но, ако смртта настапила кај едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор од две до 12 години – вели Ристовиќ.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски