Напредокот во процесот на проширување на ЕУ, кој се однесува на Западен Балкан, е од корист за сите страни, изјави денеска потпретседателката на Европскиот парламент, Улрике Луначек.
– Проширувањето на ЕУ не е едносмерна улица, туку е социјална и економска стабилност на Западен балкан во меѓусебен интерес на ЕУ и земјите-кандидати. Притоа не треба да постои сомнеж дека секој напредок во процесот на проширување зависи од исполнување на критериумите од страна на земјите-кандидатки, а тоа треба да го знаат скептиците во ЕУ и пред се Австрија, истакна Луначек во соопштение по повод објавувањето на извештаите на ЕК за напредокот.
Според неа, одлучувачки критериуми се примената на владеењето на правото, реформи во судството и борба против корупцијата.