Луксембург ќе прими 12 деца бегалци без придружба кои што се во Грција

Од:

До следната седмица предвидено е 12 деца бегалци без придружба од Грција да заминат за Луксембург, со што започнува и процесот за релокација во европските земји на децата згрижени во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Финализацијата на договорот за преземање на децата бегалци без придружба била потврдена за време на денешниот телефонски разговор на алтернативниот Министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос со Министерот за надворешни работи, миграција и азил на Луксембург, Жан Аселборн.

-Станува збор за разврска што се постигнува и покрај тешките услови со пандемијата и создава позитивен пример за другите европски партнери, кои изразија подготвеност да прифатат малолетни бегалци без придружба од Грција, вели Кумуцакос

Како што соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, Кумуцакос и Аселборн се договориле, надлежните власти од двете земји, и покрај тешките околности поради пандемијата со коронавирусот, сепак во следните денови да ја завршат сложената процедура за 12-те деца во соработка со УНХЦР и Меѓународната организација за миграција. А се очекува, децата, до следната седмица да бидат префрлени во Луксембург.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент