Луѓе затруени со јаглерод моноксид на миса

Од:

Девет лица, меѓу кои и две деца побарале лекарска помош, по миса во Винковци, поради труење со јаглерод моноксид, кој настанал поради дефект на системот за греење во црквата Свети Винко Палоти.

Според зборовите на портпаролот на вуковарско-сремската полиција Домагој Џигумовиќ, сите лица се надвор од животна опасност.

Меѓу лицата кои побарале помош се и две деца кои се хоспитализирани во болницата поради понатамошно набљудување, додека останатите се пуштени на домашно лекување.

-Извршен е увид на местото на настанот, при што е утврдено дека труењето се случило поради дефект – изјави Џигумовиќ.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег