Лошите временски услови го намалија бројот на нови мигранти и бегалци на грчките острови

Од:

Бројот на мигранти и бегалци заглавени на островите во североисточниот дел на Егејското Море денеска е малку помал поради лошите временски услови во областа, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчката полиција соопшти дека на островите Лезбос, Хиос и Самос има околу 8.607 лица, а пристигнувањето на нови мигранти е попречено од силните ветрови кои дуваат во регионот.

На Лезбос се идентификувани 5.143 бегалци и мигранти, а во последните 24 часа регистрирани се само 16 лица.

На Хиос во последните 24 часа не пристигнал ниту еден бегалец и мигрант, додека 2.941 лица кои се идентификувани, чекаат да заминат од островот.

На Самос во последните 24 часа регистрирани се 116 нови пристигнувања, додека 523 бегалци и мигранти чекаат да се качат на ферибот за Пиреја.

Би можело да ве интересира

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски