Локални избори во Словенија

Од:

Во Словенија денеска се одржуваат локални избори на кои гласачите ќе одлучат кој ќе раководи со 212 словенечки општини во следните четири години.

Покрај градоначалник, се избираат и членови на градските совети, а некаде и членови на месни, селски и окружни заедници.

Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот, а право на глас имаат нешто помалку од 1,7 милиони полнолетни граѓани на Словенија.

Првите делумни резултати од изборите во 212 општини се очекуваат по 20 часот.

За 212 градоначалнички места се натпреваруваат 618 кандидати, додека за 3.382 советнички места се борат 18.671 кандидат.

За некој да биде избран за градоначалник потребни се повеќе од 50 проценти од гласовите.

Во општините каде ниту еден од кандидатите за градоначалници денеска нема да добие 50 отсто, ќе се одржи втор круг кој е закажан за 4 декември.

Во 51 општина веќе е познат градоначалникот, бидејќи на тие места се пријавил само еден кандидат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мечка нападна маж во Словенија

Ана Ололовска

Професор во Словенија на матурската вечер шмркал кокаин во тоалет

Ана Ололовска

Ужас во Словенија: Лавина затрупа седум луѓе, маглата го отежнува извлекувањето

Елитни руски шпиони се преправале дека се семејни луѓе во Словенија

(ВИДЕО) Експлозија во фирма за пиротехника во Словенија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Автобус излета од автопат во Словенија, тројца загинати, неколкумина повредени

Ана Ололовска