Локални избори во Албанија на 21. јуни 2015

Од:

Албанскиот претседател Бујар Нишани потпиша указ со кој локалните избори во земјата ќе се одржат на 21-ви јуни наредната година, јави дописникот на МИА од Тирана.

Тоа го направи по соопштувањето на одлуката на Уставниот суд, со која законот за новата административно-територијална поделба беше прогласен за неспорен, со што истиот останува во сила.

Со тоа Нишани го запази крајниот рок, 15. декември, предвиден со изборниот законик, до кога требаше да ги закаже локалните избори.

Претходно, поради несогласувањето со новата територијална поделба, за што до Уставниот суд достави и две барања, за соборување и за прогласување на законот за неуставен (истите судот ги отфрли), опозициските демократи најавија бојкот на локалните избори.

Тие сметаат дека владејачките социјалистите намерно ја прекроиле државата за да ја зграпчат и локалната власт.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“