Љуљзим Баша нема да се кандидира за градоначалник на Тирана

Од:

Актуелениот градоначалник на албанската метропола и лидер на најголемата опозициска Демократска партија Љуљзим Баша, нема да се кандидира повторно за оваа функција на локалните избори што ќе се одржат на 21 јуни, јави дописникот на МИА од Тирана.

Баша не се согласил да биде кандидат на ДП за градоначалник. Според првичните информаци  кандидат на демократите ќе се избира меѓу Арбен Ристани, Грида Дума, Јолида Табаку и Халим Косова.

Партиски извори, од спротивниот табор, владејачките социјалисти на актуелниот премиер Еди Рама потврдуваат дека за градоначалник се споменуваат три имиња: Ерјон Велиај, Пандели Мајко и Бленди Клоси.

На локалните избори засега во коалиција се Социјалистите на Рама, Движењето за социјалистичка интеграција на Илир Мета и партијата на Чамите, Партија за правда, интеграција и единство, чиј лидер е Шпетим Идризи, кои деновиве треба да излезат со заедничка изјава за поделбата на избрните единици и кандидати за грдоначалници.

Изборите првпат се спроведуваат според новиот закон за административно територијална поделба, со која Албанија има 61 општина.

Единствената партија на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, засега нема донесено одлука дали ќе коалицира со десницата или со левицата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“