Лидерот на вахабистите во БиХ повикува на поддршка на Исламската држава

Од:

Водачот на една од најголемите заедници на припадниците на радикалниот ислам во БиХ Билал Босниќ ги повика младите од земјата да се придружат на вооружените групи на терористичката организација Исламската држава и така да се вклучат во џихадот кој го води таа организација на територијата на Ирак и Сирија, правејќи притоа злосторства без преседан.

Како што пишува сараевскиот „Дневни аваз“, повикот до младите Босанци да се придружат на „Исламската држава“ е забележан на видео снимката од последното предавање кое го одржа Босниќ пред неговите следбеници од регионот Цазинска Краина во северозападна Босна.

Босниќ, во тоа излагање, покрај другото, изјави дека „вистината и Исламската држава опстојуваат и покрај нападите на оние кои се збунети и оние кои се борат против вистината“.

Откако новинарите од „Аваз“ го контактирале за да им појасни која е причината што  поддржува терористичка организација како што е Исламската држава, Босниќ тврдел дека не го кажал тоа и оти сето тоа е разултат на различни интерпретации на неговото излагање.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина