Лајчак: Вучиќ ја разбира сериозноста на ситуацијата

Од:

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека во Белград имал средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

„Имавме отворен и искрен разговор за политичко решение кое ќе ги намали тензиите и ќе овозможи отстранување на барикадите. Вучиќ ја разбира сериозноста на ситуацијата“, напиша Лајчак на Твитер.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска во Белград имал „чесен и коректен“ разговор со претставниците на ЕУ и САД задолжени за Западен Балкан.

„Искрен и коректен разговор со специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак и американскиот пратеник Габриел Ескобар“, напиша Вучиќ на Инстаграм по трилатералната средба.

Вучиќ претходно имаше тет а тет средба со Лајчак, по што на средбата им се придружи и Ескобар. По разговорите не беа најавени обраќања до медиумите.

Лајчак и Ескобар, денеска пристигнаа во Белград по дводневната посета на Приштина, во услови на зголемени тензии на северот на Косово.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мирослав Лајчак: Мојата работа продолжува, не одам никаде

Горан Наумовски

Пендаровски – Лајчак: Обезбедување целосна имплементација на реформските процеси и задржување на европскиот курс на државата

Лајчак: Очекуваме Белград и Приштина целосно да ги спроведат обврските што ги презедоа

Борел и Лајчак: Да се утврдат сите факти за нападот во Бањска и сторителите да одговараат

А1он

Лајчак: Загрижен сум за она што го слушнав на северот на Косово

Лајчак: Западен Балкан треба да остане високо на европската агенда