Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска разговараше со европскиот комесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, за процесот на дијалогот.
Лајчак во објава на својот Твитер профил, посочи дека имал корисен разговор со Вархеји и за поширокиот регионален контекст, како и за напорите на ЕУ за 2023 година.
– Мило ми е што денеска се сретнав со комесарот Оливер Вархеји. Беше корисно да се разговара за дијалогот во поширок регионален контекст и европските напори за 2023 година, напиша Лајчак.
Извор: МИА