Лајчак и Ескобар најверојатно неделава ќе ги посетат Белград и Приштина

Од:

Специјалниот претставник на Европската Унија (ЕУ) за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак и специјалниот американски амбасадор за Западен Балкан, Габриел Ескобар најверојатно ќе ги посетат Приштина и Белград, објави „Радио Слободна Европа“.

Како што пишува медиумот, се очекува тоа да се случи во текот на неделава, а за цел има уште еднаш да се разговара со земјите за да се пронајде решение околу издавањето влезно – излезни документи за српски државјани во Косово.

Во текстот се додава и дека ЕУ и меѓународната заедница настојуваат Косово и Србија да пронајдат решение најдоцна до 31 август. Тоа е, како што се тврди, со цел да се избегне нова ескалација во северениот дел на Косово.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ескобар: Македонија треба веднаш да стане членка на ЕУ

Лајчак: Очекуваме Белград и Приштина целосно да ги спроведат обврските што ги презедоа

Ескобар: Загрижен сум за пораките од Приштина

(ВИДЕО) Ковачевски – Ескобар: Европскиот пат на Северна Македонија е силно поддржан од САД

Ковачевски – Ескобар: Европскиот пат на Северна Македонија е силно поддржан од САД

Ковачевски: Поддршката од САД е значајна во сите клучни моменти за нашата држава