Ковачевски: Поддршката од САД е значајна во сите клучни моменти за нашата држава

Од:

Стратешкото партнерство со САД е базирано на меѓусебна доверба и продолжуваме да го развиваме низ меѓусебно разбирање, за сите важни прашања од заеднички и стратешки интерес, напиша на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

На објавата во која му посакува добредојде на заменикот-помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, кој пристигна во Скопје, Ковачевски наведува дека поддршката од САД е значајна во сите клучни моменти за нашата држава.

– Значајна е поддршката од САД во сите клучни моменти за нашата држава. Стратешкото партнерство со САД е базирано на меѓусебна доверба. И продолжуваме да го развиваме низ меѓусебно разбирање, за сите важни прашања од заеднички и стратешки интерес. Очекувам продуктивна средба утре, напиша Ковачевски.

Официјалната средба на Ковачевски и Ескобар е најавена за утре, по која претпладне тие ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата, а Ескобар ќе има средба и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Доаѓањето на Ескобар во Скопје следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија.

Тој денеска имаше средба и со претседателот Стево Пендаровски, на која го изрази очекувањето од официјален Вашингтон Северна Македонија да го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ е најголемата и единствена автентична социјал-демократска партија во Македонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се продал на нашиот политички противник

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачевски од Крушево: Гласањето против не ѝ носи добро на Македонија, само ако гласаме „за“, може да одиме напред

(ВИДЕО) Ковачевски од Гостивар: Ние не се откажуваме и нема да се откажеме

Горан Наумовски