Лајчак доаѓа во тридневна посета на Приштина, ќе се сретне со Тачи

Од:

Претседателот на Косово Хашим Тачи ќе се сретне со специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот Косово–Србија, Мирослав Лајчак, кој се очекува денес да допатува во тридневна официјална посета на Приштина, соопшти кабинетот на Тачи.

Тачи ќе го прими Лајчак во неговиот кабинет во 17 часот.

Косовскиот претседател порано денеска, на прес-конференција, изјави дека ќе се сретне со дипломатот од Словачка доколку тој „има нешто конкретно“ за Косово.

„Доколку има нешто конкретно нема причина да не се сретнеме, а доколку доаѓа само за да го испита теренот нема потреба од средба. Тој треба да го каже ставот за визната либерализација за косовските граѓани и да разјасни како ќе го третира Косово. Ако го третира како независна држава, процесот ќе биде полесен,“ изјави Тачи, кој претходно порача дека не верува во неутралноста на Лајчак, затоа што во времето кога беше шеф на словачката дипломатија, неговата земја не ја призна независноста на Косово.

Лајчак доаѓа во Приштина само ден откако специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за преговорите меѓу Косово и Србија, амбасадорот Ричард Гренел, најави продолжување на дијалогот и средба на претставниците на двете земји на 27 јуни во Белата куќа во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски