Гренел: Србите и Косоварите на „примирје“ пред средба месецов во Белата куќа

Од:

Специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговорите Белград-Приштина, Ричард Гренел, напиша денес на својот профил на Твитер дека владите на Србија и на Косово се обврзале дека ќе ја запрат кампањата за повлекување на признавањето независност, односно за членство во меѓународни организации, заради состанок на претставници на двете страни во Вашингтон.

Средбата за дијалогот меѓу Србија и Косово ќе се одржи на 27 јуни во Белата куќа, соопшти Гренел преку Твитер.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави денес дека пред самитот во Белата куќа, тој ќе ја посети Москва на 23 јуни.

„Со сериозна и одговорна политика успеавме да го вратиме прашањето на Косово и Метохија на маса, и тоа со помош на големите сили,“ изјави Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Двајца ученици и возач загинаа при пукање кон автобус во Косово

А1он

Големо враќање на Бранка Катиќ: Убаво е да се глуми на свој јазик

А1он

Вучиќ по средбата со Путин: Добивме неверојатна цена за гасот

А1он

Во Србија од идната година ќе се плаќа данок за возила сразмерно со пазарната вредност

А1он

ВИДЕО: Експлозија силна како земјотрес во близина на Белград, има мртви и исчезнати

А1он

Вучиќ и Сијарто го означија почетокот на изградбата на пругата Нови Сад – Келебија

А1он