Курти: На Вучиќ му дадовме четири предлози – три од нив ги одби, за еден не одговори

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти информира дека на денешната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одржана во седиштето на ЕУ во Брисел, изнел четири предлози, од кои три биле одбиени, а за еден не добил одговор.

Како што напиша Курти на неговата официјална страница на Фејсбук, тој на средбата со Вучиќ изразил подготвеност за водење дијалог што ќе резултира со меѓусебно признавање на двете држави.

Единственото барање на кое не добил ниту потврден ниту одбивен договор, вели Курти, е она за промена на мандатот на ЦЕФТА, и преформулирање на таа организација во СЕФТА – Договор на Југоисточна Европа за слободна трговија, со кој шесте балкански земји ќе се организираат според моделот на ЕФТА-ЕЕА, односно договорот на Лихтенштајн, Норвешка и Исланд со ЕУ.

Косовскиот премиер информира и за предлозите кои српската страна на средбата во Брисел ги одбила, а тоа се:

„Косово и Србија веднаш да потпишат мировен договор со кој ќе се обврзааат дека нема да се напаѓаат меѓу себе…;

По меѓусебното признавање на Република Косово и Република Србија, двете земји ќе имаат билатерален реципроцитет, вклучително малцинските прашања. Значи, Србите во Косово можат да имаат свој Национален совет, каков што имаат Албанците и Бошњаците во Србија;

Во однос на прашањето на исчезнатите од војната, да се исклучи од позицијата која ја има и да се повика на распит водачот на српската делегација, Вељко Одаловиќ, кој во периодот 1997-1999 година беше ‘начелник на Косовскиот округ‘ и раководеше со окупирано Косово, заедно со Зоран Анѓелковиќ“.

– За мојот прв предлог не одговорија, додека другите три ги одбија. Верувам дека откако ќе се вратат во Белград г. Вучиќ и г. (Никола) Селаковиќ ќе размислат повеќе и сериозно ќе го земат во обзир прифаќањето на овие предлози, напиша Курти.

Одбивањето на предлозите, според Курти, значи дека не е постигнат договор за агендата на наредниот состанок со српските претставници, кој сепак, како што најави тој, ќе се одржи кон крајот на месец јули.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: За 10 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

Полицијата уапси маж кој им се закануваше на Вучиќ и на Брнабиќ

Горан Наумовски

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе

(ВИДЕО) Се откачи тркало од автомобилот со кој патуваше Вучиќ

Горан Наумовски

Вучиќ: Во Србија нема да има Шарена револуција

Вучиќ: Ги повикувам Србите од Косово да излезат на избори и да гласаат за Српската листа