Курти: Косово досега немало подобра влада

Од:

Косовскиот премиер, Албин Курти ја започна денеска 100-тата седница на неговиот кабинет со низа пофалби на сопствена сметка, меѓу кои и онаа дека „Косово досега немало подобра влада“ од оваа што тој ја води, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тој рече дека во минатите 18 месеци Владата успешно се справувала со многу предизвици, вклучително негативните појави наследени од претходните влади, но и со разни кризи, како пандемијата, енергетската криза и инфлацијата.

Сепак, напомена тој, „останува уште многу да се сработи“.

– Потребите се големи. За нас е добредојдена соработката со сите добронамерни луѓе, без разлика, за да го подобриме владеењето, да се подобриме себеси и да ја зголемиме ефикасноста. Улогата на владеење не ја земаме здраво за готово, јас со кабинетот даваме максимум за унапредување на сите аспекти кои влијаат на живеачаката, рече Курти

Меѓу најбитните достигнувања во текот на неговото владеење, тој меѓу другите ги наброја борбата против корупцијата, институционалната стабилност и економскиот раст, кој минатата година, според него, бил „историски“.

– Наспроти негативните појави и предизвиците, како влада сме постигнале повеќе успех од секоја претходна влада за година и пол. Година и пол пораст на антикорупцијата. Социјалдемократско владеење со институционална стабилност. Го вративме системот на јавни финансии на колосек, го намаливме јавниот долг. Минатата година имавме историски економски раст во земјава од 10,7 отсто, а во првиот квартал на годинава имаме раст од 4,9 отсто откако ќе се одземе инфлацијата. Имаме енормно зголемување на буџетските приходи, а истиот тренд продолжува и годинава, рече Курти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска