Курти: Имаме сила и моќ да ги отстраниме сите 11 барикади

Од:

Претседателот на Владата на Косово, Албин Курти, оцени дека српските власти, предводени од претседателот Александар Вучиќ, се обидуваат да го оживеат проектот за размена на територии и дека предизвикуваат тензии во регионот, вклучително и поставување барикади на северот на Косово.

Во интервјуто објавено на порталот Ослобоѓења со седиште во Сараево, косовскиот премиер тврди дека неговата влада има начин да ги отстрани барикадите и предупреди дека нивното поставување е резултат на инструкциите што доаѓаат од Белград.

„И политичките директиви и финансиите (на косовските Срби) доаѓаат од Србија. Убеден сум дека ваквиот наратив нема да трае, но му даваме уште малку време на КФОР, бидејќи тоа го бараше од нас. Имаме сила, имаме моќ да ги отстраниме тие 11 барикади што беа поставени пред две недели. Но, КФОР инсистира да им дадеме уште малку време“, го објасни својот став Курти.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина