Курти го обвини Белград за прекинот на струја во Косово: Терористички напад

Од:

Косовскиот премиер Аљбин Курти, оцени дека експлозијата кај Зубин Поток, во која беше оштетен каналот Ибар-Лепенац, е терористички напад и изјави дека доколку штетата не се санира брзо, дел од Косово и Метохија денеска ризикува да остане без струја.

Курти оцени дека се работи за терористички напад извршен од професионалци со цел да се оштети критичната инфраструктура и тврди дека Белград стои зад нападот, пренесува Коха.

Синоќа дојде до експлозија во селото Вараге кај Зубина Поток, при што е оштетен каналот Ибар-Лепенац.

Поради оштетувањето на тој канал дојде до прекин во водоснабдувањето, а вратено е и снабдувањето со електрична енергија во Грачаница и околината, кое беше прекинато поради штетите предизвикани од експлозијата на каналот, јавува РТС.

„Ова е криминален и терористички напад кој имаше за цел да ја оштети нашата критична инфраструктура и беше обид да се загрози снабдувањето со електрична енергија. Нападот го изврши професионалец. Веруваме дека доаѓа од банди оркестрирани од Србија“, рече Курти.

Тој апелираше до граѓаните да останат смирени.

Курти последните експлозии во општините на северот на Косово ги нарече „терористички акти од Србија“, бидејќи, како што рече, „нема друга адреса за вакви напади освен официјален Белград и криминалните структури на чело со Милан Радоичиќ“.

„Ова е напад, трета експлозија во последните неколку дена што ги таргетира нашите институции. Целта е да се поттикне страв. Ваквите напори ќе бидат неуспешни, бидејќи нема да дозволиме никој да ја загрозува уставноста, владеењето на правото и поредок на нашата Република“, рече Курти.

Тој најави дека веднаш по конференцијата ќе се сретне со командантот на КФОР и ќе свика состанок на советот за национална безбедност.

„Немам имиња на оние кои ја подметнаа експлозијата… Но, едно знам, дека таквите криминални елементи, дури и официјално да се членови на цивилната одбрана, цивилната бригада, имаат поддршка од официјален Белград “ повтори Курти.

Според него, причината зошто тие се соочуваат со овие напади е „успехот на Косово кој ги полудува“.

Тој додаде дека приштинските власти немаат информации за можен нов напад, но и дека мора да бидат подготвени на се.

„Мораме да се подготвиме за сè, бидејќи Србија не ја промени ниту својата позиција, ниту целта. И ние ќе направиме се со силата, капацитетите и знаењето што ги имаме. Во координација сме со нашите партнери. Но, главната работа ќе ја завршиме ние, полицијата, инженерите на КЕК – и експертите во водоводот Ибар-Лепенац, ја решаваме оваа ситуација, а тие напаѓаат на подмолен начин, бидејќи го контролираа овој имот, ги имаа општините, каналот, полицијата, езерото Газиводе“, додаде Курти.

Би можело да ве интересира

Ава Карабатиќ ја претстави изборната програма: „Полиграф за политичарите“

Предраг Петровиќ

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина