Курц: Затворањето на границите само ќе го преоптовари Западен Балкан

Од:

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц денеска во Сараево истакна дека Австрија не сака едноставно да ги затвори своите граници и државите од Западен Балкан да ги остави на цедило со проблемот на бегалците, туку тежнее за пронаоѓање заедничко решение, посебно со Србија и Македонија, јави Танјуг.

На прес-конференцијата со шефот на босанската дипломатија Игор Црнадак, во Сараево, Курц укажа дека, доколку Австрија само ги затвори своите граници, ќе дојде до преоптоварување на Западен Балкан.

– Не сакаме никому да му наметнеме товар што никој не може да го издржи, порача тој за загриженоста на земјите од Западен Балкан дека одлуката на австриската Влада за ограничен  прифат на бегалци ќе предизвика застој во овие држави.

Според него, сосема погрешно беше што  Грција само ги пропушташе бегалците во земјите кои не се членки на ЕУ.

– Во меѓувреме, за среќа, дојде до освестување дека само пропуштање на бегалците не функционира. Неопходно е воспоставување безбедност на границите, бидејќи само една четвртина од бегалците доаѓаат од Сирија, констатира Курц.

Шефот на австриската дипломатија не ја исклучува можноста бегалците, при затворање на македонската граница, да можат да најдат нови патишта кон средна Европа, но, со добра соработка на сите држави, проблемите што ќе настанат со новите рути, можат благовремено да бидат решени.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа