Курц: Западен Балкан не смее да биде оставен сам

Од:

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц истакнува дека Европската унија во бегалската криза не смее да ги остави сами државите од Запден Балкан, особено Србија и Македонија.

– Цел на посетата е и понатаму да се градат нашите одлични односи со целиот регион, изјави Курц за Танјуг.

– За таа цел заедно со нашите партнери во секоја држава одделно, изградивме акциски план кој ќе биде основа за соработка со оваа година. Акциските планови се амбициозни и ги покриваат сите важни теми – од поддршка во процесот на пристапување во ЕУ до мерки во областа намиграцијата. Овој пат ќе ги посетам сите шест држави од регионот, изјави тој.

Курц вели дека на Балканот патува со јасна порака – „Австрија била и останува силен партнер на сите држави во регионот и понатаму ќе се залага и на ниво на ЕУ за тој дел од светот“.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин