Курц загрижен поради зголемување на исламска радикализација на Балканот

Од:

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, кој замина во Њујорк на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации, изрази загриженост во врска со иламската радикализација во регионот на Западен Балкан, јави Танјуг.

По негова иницијатива во Мисијата на Австрија во ОН вечерва ќе биде организирана средба на министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан.

Курц изјави дека не смее да се загуби европската перспектива за земјите од Западен Балкан во моментот кога вниманието е насочено кон Брегзит и односите меѓу Европската унија и Турција.

Курц истакна дека особено властите во Албанија, Босна и Херцеговина и Косово треба да се спротивстават на растечката исламска радикализација, „бидејќи таму се шири верско-идеолошкото влијание, а на жените им се плаќа по улиците да одат целосно покриени“. 

Во врска со нацрт-заклучоците од самитот на ОН за бегалската криза, Курц смета дека е позитивно тоа што веќе е признато дека проблемот со мигрантите и бегалците е глобален проблем.

Би можело да ве интересира

И австрискиот министер за финансии најави оставка

А1он

Австриското обвинителство побара укинување на имунитетот на Себастијан Курц

ВИДЕО: Пратеничка се онесвести на говорница за време на вонредната седница поради ситуацијата со Курц

А1он

ВИДЕО: Себастијан Курц поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Курц ги отфрли наводите од истрагата за корупција и проневера

А1он

Покрената истрага против Курц

А1он