Очекувам утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан да внесе нова динамика во процесот на приближување на земјите од регионот во ЕУ. изјави денеска во Софија австрискиот канцелар Себастијан Курц по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Се надеваме дека и натаму ќе продолжи приближувањето на Србија кон ЕУ во позитивна насока. Вучиќ покрена бројни реформи и постои позитивен економски тренд. Желба ни е и во останатите земји на Западниот Балкан да го видиме истото. Потребно е да имаме земји кои предводат, а Србија е секако држава која е на чело, изјави Курц.
Тој изрази задоволство што српскиот претседател има позитивна улога во регионотте, додавајќи дека целта на ЕУ е прием на нови членки од Западен Балкан во 2025 година,
Вучиќ по средбата изјави дека со Курц разговарале за „регионални прашања, мигрантската криза и дека усогласиле многу работи“. Тој изрази очекување утрешниот Самит во Софија да дефинира дека иднината на Западниот Балкан е патот кон ЕУ, иако престои уште многу работа.
Тој истакна дека Србија е на европскиот пат веќе 18 години, нагласувајќи дека од ЕУ е добиен рамковен датум за прием, но дека не може да им вети на своите граѓани да тоа ќе биде до 2025 година.
– Тоа зависи од тоа дали ќе ги решиме нашите отворени прашања и дали ЕУ ќе ги реши своите проблеми. Наше е да се надеваме на подобра иднина. Знам дека овој пат нема да биде лесен, бидејќи пред нас е една голема пречка а тоа е за Косово, но и заморот од ширењето во ЕУ, рече Вучиќ.
Во рамките на посетата на Софија, српскиот претседател се сретна и со главната извршна директорка на Светската банка, Кристалина Георгиева, со која разговораше околу економските реформи и развојните преокти на Банката во Србија
Како што соопшти неговиот кабинет, тој на средбата, меѓу останатото укажал на важноста од регионалните инфраструктурни проекти, кои ќе овозможат за економско поврзување и јакнење на замјите од Западен Балкан.