Кумуцакос: Привидната уставна ревизија го прави уште попроблематичен и онака штетниот Договор од Преспа

Од:

Одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА уште еднаш го повторува ставот на партијата дека Договорот од Преспа е штетен и не им служи на грчките национални интереси, а „уставните измени го прават уште попроблематичен“ и додава дека се потребни долгорочни решение „што ќе ги издржат балканските ветрови“.

– Ние постојано истакнувавме дека сакаме решение на ова прашање. Но, не било какво решение. Историјата има покажано, особено на Балканот, дека лошите решенија се краткотрајни, а на крај проблемите се враќаат како кошмари. Потребни се решенија што ќе ги издржат балканските ветрови. Договорот од Преспа не е такво решение. Го карактеризиравме како штетен, не од опозициско расположение, туку затоа што навистина е. Ова веќе се покажа од наводната и привидна ревизија на Уставот во Скопје, што, на крај, го прави уште попроблематичен и онака штетниот договор. Договорот од Преспа не им служи на националните интереси и затоа не го затвора фронтот, вели одговорниот за надворешна политика во Неа димократија.

Кумуцакос потенцира дека Грција треба да разговара исцрпно и енергично за сериозните прашања од надворешната политика, но без да доведе до поделби, бидејќи „поделбите водат до национални порази“. Воедно, упатува критики до владејачката СИРИЗА во однос на тоа како ги водела преговорите за името, но и за постапките по договорот.

– Начинот на управување на владата, пред, за време и по оформувањето на штетниот Договор од Преспа, беше многу лош. Поделија, наместо да обединат. Исклучија, наместо да вклучат. Свесно ги држеа во мрак политичките сили и стигнаа до ниво дури и да ги обвинуваат граѓаните за нивната национална чувствителност, вели Кумуцакос и додава дека грчката влада „има огромна историска одговорност за лошиот резултат од преговорите и за тешката атмосфера што преовладува“.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот