Кумуцакос: Договорот од Преспа е лош и штетен за Грција

Од:

Ние нема да го поддржиме овој договор, нема шанси да го потпишеме, нема шанси да го ратификуваме ако дојде во Парламентот и не постои веројатност ниту еден пратеник од Нова демократија да се помести од оваа дефинирана позиција, вели одговорниот за надворешна политика од Нова демократија, Јоргос Кумуцакос во интервјуто за радиото „Практорио ФМ“ на грчката новинска агенција АНА-МПА.

Тој уште еднаш ги повтори ставовите на најголемата грчка опозициска партија дека „Договорот од Преспа е лош и штетен“, но и дека Нова демократија нема да го ратификува, ниту во актуелниот парламент, ниту подоцна, доколку остане за ратификација од следниот состав на грчкиот парламент.

– Ние веруваме дека е лош и штетен договор, сакам да го повторам ова, а фокусот на нашата критика е на фактот што составот на три елементи: името Северна Македонија, „македонски“ јазик прифатен од грчката влада и „македонската“ националност која исто така ја прифати грчката влада, оваа комбинација на три елементи е ѓубриво, оранжерија за присуството на национализмот, за продолжување на присуството на национализмот и на иредентизмот во соседната земја и за негово дополнително развивање, вели Кумуцакос.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, му одговара на грчкиот премиер кој пред неколку дена го повика лидерот на опозициската партија доколку не се согласува со Договорот од Преспа, да го поништи.

Кумуцакос, објасни дека „во член 2 се предвидува дека ратификацијата ќе се случи во исто време со ратификацијата за интеграција на соседната земја во НАТО, а според тоа кога ќе се ратификува договорот ќе биде затворена и интеграцијата во НАТО со грчки потпис“. Ова сценарио, според Кумуцакос би довело до поништување на договорот, а „Скопје да остане во НАТО, најверојатно под името Македонија“.

Одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, истакна дека неговата партија доколку не се ратификува договорот и има простор, тогаш ќе направи нови обиди за решение, затоа што партијата се залага за решавање на долгогодишниот проблем, но решението да не биде било какво решение.

– Ако договорот не се ратификува во овој парламент и не се ратификува ни во следниот доколку ние сме влада, тогаш, да, постои простор за нов обид. Насоката на Нова демократија не е нерешвање на проблемот. Како и меѓународната заедница, така и ние сакаме решение, но не сметаме дека е решение било кое решение. Ние сметаме дека решението треба дефинитивно да го регулира прашањето кое ги измачува односите меѓу двете земји и на Балканот. Но ова решение не може да биде на товар на основните национални чувствителности и интереси на земјата. Да за решение, но не за било кое решение, рече Кумуцакос во интервјуто за „Практорио ФМ“, пренесе МИА.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната