Кукан: ЕУ не сака повторно да воведе визи за балканските земји

Од:

Шефот на делегацијата на Европскиот парламент за Србија, Едуард Кукан изјави дека ЕУ не сака повторно да воведува визи за Србија и другите земји од Западен Балкан, истовремено предупредувајќи дека е потребно да се решат проблемите со големиот број азиланти кои од балканските простори пристигнуваат во западните земји.

Кукан за белградскиот весник „Вечерње новости“ оцени дека загриженоста од евентуалното укинување на безвизниот режим може да се оправда доколку не се смени драматичната ситуација поради големиот број мигранти кои патуваат кон западноевропските држави.

Словачкиот европарламентарец нагласи дека постои силна политичка волја да се избегне повторното воведување на визите, бидејќи тоа би претставувало „вистински чекор назад“.

Тој оцени и дека одлуката на унгарските власти за подигнување ограда долж границата со Србија не е начин за решавање на актуелната ситуација.

Кукан и сугерира на Србија дека мора на своите граѓани да им објасни оти напуштањето на земјата и барањето азил во западноевропските држави не е начин да ги решат своите проблеми.

Би можело да ве интересира

Американска Амбасада: Носителите на визи да ги следат американските закони и правила

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски