Заменикот на премиерот на Косово, Хајредин Кучи изјави дека потпретседателот на владата на Србија, Александар Вучиќ во текот на неодамнешната посета на северот на Косово ги почитувал косовските закони и процедури.
Тој рече дека српски официјални лица на Косово доаѓаат само кога косовските институции ќе им го дозволат тоа.
Реагирајќи на излагањето на пратеничката Аљбана Гаши истакна дека лицата кои што доаѓаат треба да ги почитуваат законите.
-Во однос со Србија кога се во прашање посети на официјални лица, постојат процедури кои треба да се почитуваат. Оние кои доаѓаат треба да ги почитуваат нашите закони-нагласи Кучи.
Елена Георгиевска